среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 0

Валенсија трипати водеше и на крај ремизира со Осасуна

И покрај тројното водство, како и пенал досуден на пет минути пред крајот на натпреварот, фудбалерите на Валенсија освоија само бод на синоќешното гостување во Памплона кај Осасуна. Конечниот резултат е 3:3 и е петто реми за домашната екипа која е последно пласирана на табелата. Валенсија остана на досегашните три победи и на 17.место, веднаш над „зоната на испаѓање“.

valensija

Стрелци на головите за Валенсија беа Мунир (2.минута), Ориол Риера (автогол 45+1) и Мартин Монтоја (73), додека за Осасуна погодија Ориол Риера (7), Роберто Торес (62) и Карлос Клерк (90+2).

Резултати на натпреварите од 17.коло во Шпанското фудбалско првенство:

Еспањол – ДепортивоЛа Коруња1:1,
Реал Мадрид – Гранада 5:0,
Еибар – Атлетико Мадрид 0:2,
Лас Палмас – Спортинг Хихон 1:0,
Сосиедад – Севиља 0:4,
Атлетик Билбао – Алавес 0:0,
Бетис – Легањес 2:0,
Селта – Малага 3:1,
Виљареал – Барселона 1:1 и
Осасуна – Валенсија 3:3.

Табела: Реал Мадрид 40 бода (натпревар помалку), Севиља 36, Барселона 35, Атлетико Мадрид 31, Виљареал 30, Сосиедад 29.

Извор: Курир

#Коментари