сабота, 27 мај 2017  |  Вести денес: 54

Не е единица: Jeлена Карлеуша има двајца помлади браќа (ФОТО)

Српската поп-фолк дива јелена карлеуша нема ден да ја нема или на социјалните мрежи со нови фотографии или во медиумите со нови пикантерии од приватниот живот или нејзината кариера. Сепак, малкумина знаат дека Карлеуша не е дете – единец.

По Лепа Брена која неодамна го претстави својот брат, кој дури и јавно пропеа, Карлеуша на јавноста и откри дека и таа има не еден, туку двајца браќа. Или поточно, полубраќа!

Имено, познатата поп-фолк ѕвезда  лани со семејството и пријателите прослави 10 години љубов со сопругот Душко Тошиќ, а помеѓу гостите беа и нејзините двајца (полу)браќа.

Родителите на Јелена – Драган Карлеуша и Дивна се разведени, а татко и од вториот брак ги има синовите Иван  (25) и Никола (16), кои неверојатно личат на татко им.

Погледнете како изгледаат (полу)браќата на познатата пејачка и самите проценете дали крвта не е вода. Барем кога физичката сличност е во прашање.

 

 

#Коментари