сабота, 21 јануари 2017  |  Вести денес: 9

Гола само по кошула: Елена Велевска знае кога и зошто треба да „го јавне“ Дедо Мраз! (ФОТО + ВИДЕО)

По успешниот завршеток на годината која ја финишираше со потпишувањето за најголемата бугарска продукциска куќа Паинер и настапот за новогодишната ноќ на плоштадот во Охрид, македонската фолк пејачка Елена Велевска не запира. Божиќ помина, на ред е Василица. Или Стара Нова година, како што ја нарекуваме. А кога е Нова година, се слави.

(С)облечена само во бела кошула која ја покрива едвај до половина, со огромен шлиц кој ги открива нејзините долги разголени боси нозе, истакнувајќи го сиот свој сексапил, згодната пејачка сликана крај новогодишната елка речиси го јавна Дедо Мраз!

И не случајно! Уште една провокативна фотосесија на заводливата фолкерка која е искористена во маркетинг цели. Да се изработи рекламниот плакат кој ги повикува гостите на прославата за Стара Нова година во еден од најпрестижните прилепски угостителски објекти.

Во меѓувреме македонската фолк дива се погрижи заедно со  фотографиите од новогодишната фотосесија да ја пласира нејзината нова, забавна песна „Поогледни ме за крај“ на Роберт Билбилов, со која настапи на новогодишната програма  „Ноќ со ѕвездите“ на бугарската ТВ Планета.

Дека Елена знае како да испее и што има да покаже, ние откривме оддамна. Сега се на ред и Бугарите… Да ја откријат!

А како за почеток… „Погледни ме за крај“!

#Коментари

Коментари

коментари