вторник, 27 јуни 2017  |  Вести денес: 63

Свадбени фотографии и новогодишна честитка: Некогашниот сопруг на Елена Ристеска ужива со новата избраничка! (фото)

Поранешниот сопруг на Елена Ристеска, Бојан Ивановски, во ноември 2016-та година стапна на лудиот камен по втор пат. Тој ја прослави љубовта со својата избраничка Лина со свадбена церемонија во ресторанот Континентал.

Бојан за оваа пригода носеше класичен црн костум со вратоврска во боја на вино, а неговата сакана се одлучи за венчаница со тантела и циркони.

Бојан и Лина деновиве им посакаа најубави желби на своите најблиски со фотографија направена покрај новогодишната елка. Сигурни сме дека празничната атмосфера дополнително ја зголемува дозата на романтика во нивниот брак.

Еве како изгледаше нивната свадбена церемонија!

#Коментари
[fbcomments]