сабота, 19 август 2017  |  Вести денес: 35

Тамара Стојковска ја препеа легендарната „Ако одам во Битола“ (ВИДЕО)

Младата пејачка Тамара Стојковска одново ја отпеа легендарната песна „Ако одам во Битола“ која на градот на конзулите и Македонија своевремено и ја подари композиторот и текстописец Петар Георгиев-Калица.

Во пиано придружба на аранжерот на новата верзија, Давор Неќак, под диригенстската палка на Магдалена Кочоска, младата пејачка-студент на Факултетот за музичка уметност во Скопје,  ја изведе песната заедно оркестраот на ДМУ од Битола, кој го сочинуваат:

Флејти – Ангела Димковска, Кристина Љушкоска; кларинети – Виктор Зеканович, Дарко Савески; виолини – Марио Робе, Ивана Ристеска, Бајрам Рамаданоски, Леонид Неде Гогов; виоли – Мартина Зеканович, Елена Тефова; виолончела – Филип Нечковски, Даниела Радевска; контрабас – Андреј Јовановиќ.


Песната е снимена во студиото „Ферзенк“, а видеото  го реализираше „ДримКаст продукција“  во просторот на Народниот театар во Битола.

#Коментари
[fbcomments]