вторник, 24 јануари 2017  |  Вести денес: 51

Реконструкцијата на болниците во полн ек-Стара Градска болница дел од најголемиот инвестициски циклус од 74,6 милиони евра во здравството

Активностите за реконструкција на ЈЗУ Универзитетска клиника по хируршки болести „Св Наум Охридски“ Скопје се во полн ек. Внатрешноста на болницата не била реконструирана повеќе од 80 години, токму затоа ваквата инвестиција е од голем бенефит за македонското здравство и пациенти бидејќи сериозно ќе се подобри квалитетот на целата болница.

gradska4

-Оваа инвестиција е во вредност од 2 милиони евра и претставува дел од големиот инвестициски циклус за реконструкција на здравствени установи во вредност од 74,6 милиони евра, циклус кој што е во тек и со кој што се опфатени поголем број на здравствени установи во државата, истакна министерот за здравство Никола Тодов, кој денеска оствари посета и увид на градежните активности во болницата.

gradska-gif3

Тодоров подвлече дека станува збор за комплетна и темелна реконструкција на внатрешноста на Градската клиничка болница.

gradska-gif2

-Благодарение на овој реконструктивен зафат, целиот трет кат е во завршна фаза и ќе се продолжи кон останатите два ката, со делот од операционите сали кои што се многу важни за нашата институција, каде што ќе има целосна реконструкција и на одделот на стерилизација и интензивна нега, вели директорот болницата, Д-р Јасминка Чабуковска-Радуловска.

gradska

 

Се очекува реконструкцијата да заврши до крајот на оваа година со што старата Градска болница ќе добие комплетно нов лик.

Извор: Курир

#Коментари

Коментари

коментари