петок, 18 август 2017  |  Вести денес: 57

Две риби во иста када: Популарните македонски убавици понудија егзотика со стил на студот (ФОТО)

„Надвор зима, снегот снежи, в постела ладна не се лежи“… Така вели онаа, народната, која кореспондира со временската состојба во моментов. Ама затоа се лежи во нешто топло и пријатно, што те тера да се опуштиш, релаксираш и уживаш! Како топло џакузи на пример! Особено ако во него во исто време легнат две познати „топ риби“, тогаш имате македонска егзотика со стил на студот! Или џакузи живот со стил среде зима!

Токму тоа го понудија двете популарни македонски убавици, згодната водителка на емисијата „Живот со стил“ – Елена Стефановска и македонската поп пејачка, сексапилната Симона Попоска. Секако, пејачката и беше гостинка на водителката во најновото издание на нејзиниот „лајфстајл“ ТВ сериал.

Кога на ова студено време ќе ги видите овие две македонски популарни убавици заедно во топла када, ќе посакате и вие да бидете таму… Како три во едно! Барем поголемиот дел од машката популација, а кави се модерниве времиња, можеби и некој друг.

#Коментари