среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 0

Облачно и ветровито со локални врнежи од снег

Времето денеска во Македонија во јужните делови ќе биде претежно облачно со локални врнежи од снег, а во северните делови ќе има подолги сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

sneg

Утринската температура ќе се движи од минус 19 до минус осум, а дневната од минус девет до минус три степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус 18, а дневната ќе се искачи до минус шест степени.

Во четврток утринските температури на повеќе места ќе бидат под минус 15 степени, а дневните ќе бележат тенденција на благ пораст.

Позначителен пораст на температурата ќе има од петок. Нов влажен бран ќе има од петок кон крајот на денот кога на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег, а на пониските врнежи од дожд и снег. Пообилни врнежи ќе има во сабота кога во западните делови ќе се формира нова снежна покривка.

Извор: Курир

#Коментари