среда, 26 април 2017  |  Вести денес: 99

Филмот „Ослободување на Скопје“ прикажан на фестивалот во Палм Спрингс

Филмот „Ослободување на Скопје” во режија на Раде и Данило Шербеџија беше прикажан на 28-миот Филмски фестивал во Палм Спрингс, Калифорнија, како дел од програмата „Awards Buzz Fest Foreign Language Film“, соопшти продукцијата „Партизанс“

osloboduvanje-na-skopje

– Филмот имаше проекција на 9 јануари, а втората прокеција ќе биде одржана на 11 јануари 2017 година во киното Регал. По првата проекција, филмот беше прифатен со одлични реакции и публиката имаше можност да му поставува прашања на режисерот Данило Шербеџија, соопшти „Партизанс“.

Филмот е копродукција меѓу Македонија, Хрватска и Финска,  финансиран од Агенцијата за филм на Македонија и поддржан од Еуримаж.

Главните улоги ги играат: Давид Тодосовски, Силвија Стојановска, Раде Шербеџија, Луција Шербеџија и Небојша Глоговац.

Извор: Курир

#Коментари