понеделник, 27 февруари 2017  |  Вести денес: 1

Емина Јаховиќ на ТЕШКИ МАКИ: Пејачката комплетно парализирана во Истанбул!

Пејачката Емина Јаховиќ периодов преживува вистински пекол во Турција.

Таа не може да го напушти семејниот дом поради невремето кое во последните неколку дена го парализираше Истанбул. Снежни наноси комплетно го отсекоа делот од градот каде живее пејачката. Тој се наоѓа на издигнат дел и голем број турски ѕвезди живеат таму.

Емина во изминатите пет дена не го напушти домот бидејќи механизацијата не може да пристапи до тој дел од градот. Во луксузниот дом таа приготвува храна со намирниците што ги има дома.

Емина е бесна бидејќи не е навикната да биде статична, но за среќа има теретана дома, па вежба таму. Таа и Мустафа завеаноста ја искористија и за снежни игри во дворот со своите два сина.

Уште планираме како ќе ги прославиме важните датуми што ни претстојат. Во Истанбул има многу снег и градот е блокиран, со автомобил не може да се помине низ улиците. Летовите се откажани. Буквално сме заробени. Не знам колку ќе трае ова и не знам дали ќе успеам да ги организирам нашите семејни прослави, изјави Емина.

#Коментари

Коментари

коментари