четврток, 19 јануари 2017  |  Вести денес: 61

ВМРО-ДПМНЕ: Заев мора да понесе одговорност, додека тој се луксузира граѓаните со последици поради неисчистениот снег

Катастрофална е состојбата во Струмица после врнежите од снег и студеното време. Најголема вина за тоа носи незаинтересираниот и неспособен градоначалник Зоран Заев кој граѓаните ги остави на цедило, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

vmro

Во продолжение интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

Срамно е аболицираниот криминалец Зоран Заев да дозволи струмичани да си ги кршат рацете и нозете по струмичкиот мраз кој не е исчистен од улиците и тротоарите затоа што Заев или е на новогодишен одмор во монденски одморалишта, или си ги вози скапите играчки по планините, далеку од проблемите на струмичани.

Минатиот викенд во Струмица повеќе од 30 лица побарале медицинска помош поради повреди при лизгање и паѓање на мразот кој Зоран Заев и локалната самоуправа не го исчистија од струмичките улици. Дури 12 струмичани се здобиле со скршеници, а некои од нив дури и завршиле на операциона маса.

За жал деновиве слушнавме и за два трагични случаи со фатални последици за време на поларниот студ во Струмица. Еден живот згаснал поради премрзнување, а вториот додека брзата помош не можела да стигне да интервенира поради неисчистените патишта во општината на Зоран Заев.

За ова аболицираниот криминалец мора да понесе одговорност. Додека тој се луксузира и забавува во монденски одморалишта и на снегот далеку од градските мразови, неговите граѓани добиваат препораки од лекарите да не излегуваат од дома за да не си скршат раце и нозе на мразот кој Заев не го исчистил.

Ете што аболицираниот криминалец Заев направи од градот. Хаосот во Струмица е доказ за неговата непсособност. За него е најважен личниот луксуз и профит.

Него никогаш не го интересирале граѓаните и нивните животи, туку само луксузот, личното криминално богатење и милионите што секојдневно легнуваат на сметка на неговите најблиски.

Истото што го направи со милионите од Глобал го прави со милионите од струмичкиот гас, го прави со дивоградбата на Цареви кули и со сите криминални тендери во општината.

Извор: Курир

#Коментари

Коментари

коментари