петок, 20 јануари 2017  |  Вести денес: 65

Окото на тета: Од статусот на Елена Ристеска се топи и снегот и срцето! (ФОТО)

Македонската поп дива Елена Ристеска е една од најактивните познати лица на социјалните мрежи кај нас. нема ден, да не провее фотографија, статус, видео, коментар… на нејзиниот Фејсбук профил.

Од она што и се случува на професионално поле, но и на приватен план. Секако, дозирано онолку, колку што јавноста треба да знае.  Од сите познати и непознати нешта за неа, може да се дознае дека Елена сепак има „ахилова петица“.

Семејството е светиња, а најновиот статус под постираната фотографија на нејзиниот профил открива дека најслабата точка на Елена е нејзината внука Делфина.

„Јас си имам Јипчиња на ноџињата.. и две гушнати куЦиња во позадината… “ – е најновиот статус  под фотографијата. Неизмерната љубов на пејачката кон „окото на тета“, малата внука „Делфи-мелфи“ – како што Елена знае да ја нарече, преточена во една фраза, која открива милион емоции!

Статус под фотографијата од кој се топи и снегот и срцето!

#Коментари

Коментари

коментари