среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 0

„Нокаут“ со веб страница го најавија новиот албум

 

На нивната нова веб страна е претставена 20-годишната историја на бендотвклучувајќи ги сите досегашни изданија, фотогалерии, снимки од концерти, е-продавница, како и посебен дел за пораки од обожавателите… Сето тоа сега е собрано на  nokaut.mk

 

Иако после преселувањето на Пере во Шпанија започнаа да кружат гласини дека бендот се распаѓа, сепак момчињата  продолжија да прават нови песни и видео записи, како и бројни настапи ширум земјата, а годинава ќе го прослават и својот 20-ти роденден.

Прославата на јубилејот започна со најавата за новиот албум, кој ќе биде петти по ред за популарната група, а ќе го наследи изданието „Три“ од 2014 година. Веста ја сподели фронтменот и член со најдолг стаж во групата, Никола Перевски Пере, објавувајќи ја насловната фотографија од албумот.

353c41e180689a48bde811827607fad7

Сè уште не е познато каков наслов ќе има новото издание, како ни колку песни ќе содржи, но меѓу нив веројатно ќе се најдат и претходно објавените „Позитивно“, „радувај се со мене, „Трип“ и „Ноември“.

#Коментари