вторник, 17 јануари 2017  |  Вести денес: 81

Јунајтед пред пласман во финалето од Лига купот

Манчестер Јунајтед направи голем исчекор кон финале на англискиот Лига куп, откако синоќа на домашен терен го победи Хал со 2:0.

junajted

Победата за „црвените ѓаволи“ на „Олд Трафорд“ во првиот меч од полуфиналната пресметка ја донесоа Хуан Мата во 56. минута и Маруан Фелаини во 87. минута од натпреварот.

Реваншот на програмата е по две седмици во Хал Сити.

Вечер со почеток во 20 часот и 45 минути се игра првиот дуел од втората полуфинална двојка во ова натпреварување. Саутемтон е домаќин на Ливерпул.

Извор: Курир

#Коментари

Коментари

коментари