четврток, 27 април 2017  |  Вести денес: 0

(ВИДЕО) На Анета Мицова и се погоди… „Снег“-от

Младата македонска пејачка Анита Мицова неодамна ја промовираше својата нова песна.  Младата пејачка  побрза да ни го донсе снегот, пред тој да падне. А откако снегот не затрупа, таа реши да го искористи. на Анетабуквално и се погоди снегот за да сними спот за својата последна истоимена песна –  „Снег“.

Акустичната зимска балада чии автори се Кирил Бабамов и Весна Малинова – Бабамова доби хоум видео кое пејачката го истакна на својот Фејсбук профил.

„Во овие зимски, студени денови, се надевам дека „Снег“ ќе ви ги „згрее“ срцата и домовите “ –  порача тогаш младата пејачка, уште еднаш препорачувајќи ја својата нова песна, како и сега со следниов со пост  покрај видеото:

„Инспирирани од убавините на снегот , решив  песнава да добие какво такво видео.
Ова (home made video) можда ве асоцира на нешто, но… не е тоа што мислите…! 
Уживајте во Снег“ !!!

Во меѓувреме додека чекаме да се појави и албумот со наслов „Ти сум Јас“ за кој Мицова наскоро најавува промоција, уживајте во видеото, гласот и акустиката на нејзиниот „Снег“.

#Коментари
[fbcomments]