понеделник, 27 март 2017  |  Вести денес: 99

Злата Петровиќ јавно си го понижи синот: Не сакам да чујам за тој коцкар!

Семејното недоразбирање помеѓу Злата Петровиќ, Хасан Дудиќ и нивниот син Мики доведоа до тоа пејачката да не сака да разговара со синот. Таа неколку пати досега има изјавено дека нејзиниот син е коцкар и прокоцкува се што заработува.

Тој веќе не ме интересира, нема да му помагам. Веќе не му давам пари, не сум јас будала. Одам, работам, се мачам за да му давам нему, а тој се прокоцкува. Му реков, го молев да престане, но не вреди. Ете и сопругата го напушти, ги одведе децата и сега живее сам.

Пред седум години му дадов огромна сума пари за да го врати неговиот долг поради коцка и се заколнав дека веќе нема. Возрасен човек е, па нека биде одговорен и нека ги поднесе последиците, изјави Злата.

Таткото на Мики, Хасан, застана во негова одбрана.

Срам да и е. Таа е зло! Како не и срам да кажува такви работи во јавност? Мики сега е човек на место. Ако се разведе од жената, тоа не значи дека се во кавга. Се слушаат, се гледаат. А тоа што се коцка, тоа му е наследно од нејзина страна, нејзината мајка беше коцкар, остро врати Хасан.

Мики не се огласи по повод изјавите на неговите родители.

#Коментари
[fbcomments]