недела, 19 февруари 2017  |  Вести денес: 53

Детроит 2017: Премиера за Kia Stinger (ВИДЕО)

Со премиерата на целосно новиот модел Stinger, Kia приреди едно од најголемите изненадувања за време на овогодинешното издание на меѓународниот автосалон во Детроит.

Со Stinger, брендот го исполни ветувањето да им понуди на корисниците возбудлив спортски автомобил, кој ќе донесе одличен баланс помеѓу дизајнот, функционалноста и максимална динамика на патот. Со избор меѓу пет главни начини на дејствување- Personal, Eco, Sport, Comfort и Smart, Kia Stinger, која ќе биде лансирана на американскиот пазар подоцна оваа година, ќе се нуди со избор меѓу два турбо агрегати.

Иако се уште се наоѓаат во процес на доработка, од Kia коментираат дека дволитарскиот четирицилиндерски мотор се очекува да генерира максимална моќност од околу 255 коњски сили, а новата верзија на 3.3 литарскиот V6 ќе понуди околу 365 КС. За втората модификација, од брендот си поставија за цел забрзување од 0 до 100 km / h за 5.1 секунди и максимална брзина на движење од 267 km/h.

При појавата на пазарот, Kia Stinger ќе стане првиот седан на компанијата кој ќе биде достапен во верзија со 4х4 погон.

Извор:Авто+

#Коментари

Коментари

коментари