четврток, 29 јуни 2017  |  Вести денес: 0

Променетe ја бојата на LED нотификацијата на андроид телефонот

Многу корисници претпочитаат смартфони со Андроид поради различните можности за персонализација. Веројатно не знаете, но можете лесно да ја променитe бојата и на LED нотификацијата на уредот.

Не голем број од смартфоните, LED диодите се наоѓаат во горниот дел на телефонот и почнуваат да светат при дојдовен повик, добиена SMS порака или примен мејл.

Eве како брзо да ги прилагодите LED нотификациите.

022

Се што е потребно е да ја инсталирате мобилната апликација со името Light Manager – LED Settings што може да се спушти бесплатно од Гугл Плеј. Откако ќе ја отворите апликацијата треба да и дадете дозвола за пристап до нотификациите на телефонот. Потоа влезете во “Settings> Security> Notification Access> Light Manger”. Отворете ја апликацијата каде што ќе имате целосна слобода да ги контролирате нотификациите на вашиот уред.

#Коментари