вторник, 28 март 2017  |  Вести денес: 43

Пробиен патот од Миравци до Петрово

Локалниот пат од Миравци до Петрово, кој од вчера беше во прекин поради снежни наноси на неколку места, попладнево беше пробиен и ставен во употреба. На отстранување на снегот работеа екипите од фирмата „Карго рент“ и гевгелиското комунално претпријатие, кои се задолжени за дејствување во зимски услови.

sneg-cistenje

Дежурните екипи кои работеа на отстранување на снежните наноси соопштија дека тие биле највисоки пред горнината до селото, каде што всушност патот бил затрупан од снег, замрзнат и непрооден за локалните жители.

Покрај пробивањето на овој патен правец, поради снегот кој до попладнево провејуваше во општина Гевгелија, било интервенирано на локалните патишта до подпланинските села Ново Конско и Кованец како и на патните правци од Миравци кон Давидово и Милетково.

Со сол и ризла денеска повторно беше помината и автопатната делница од Гевгелија до граничниот премин „Богородица“ по која сообраќајот се одвива нормално на влажен коловоз.

Извор: Курир

#Коментари