понеделник, 27 март 2017  |  Вести денес: 24

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кисела Вода со хуманитарна помош за семејството Христови од Припор

По објавувањето на сторијата од страна на телевизија Сител, за тешката состојба на семејството Христови од Припор, претседателот на Општинскиот комитет Кисела Вода на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, ги посети при што им беа донирани прехрамбени продукти и средства за лична хигиена.

pomos

-Семејството е во тешка состојба и затоа веднаш по објавувањето на веста, ние ја спроведувме оваа хуманитарна акција, а за во наредниот период ќе направиме напори да им обезбедиме и дрва за огрев со оглед на тоа што станува збор за самохран родител со две малолетни деца и една 70 годишната баба која е изнемоштена и едвај подвижна, истакна Ѓорѓиевски.

pomos1

Инаку Општинскиот комитет Кисела Вода на ВМРО-ДПМНЕ за време на новогодишните и божиќните празници, донираше храна, облека, лекови, огревно дрво и средства за лична хигиена во 30-тина семејства со зголемен социјален ризик.

Извор: Курир

#Коментари