понеделник, 27 март 2017  |  Вести денес: 99

Османи: Албанците никогаш не ја користат химната на државата

Многу прашања се ставија „под тепих“ меѓутоа никогаш не се решија. Дали знаете дека Албанците никогаш не ја користат химната на државата? Значи во ниедна нивна манифестација не ја користат химната затоа што таа химна зборува само за една етничка заедница. Воопшто во таа химна не се застапени останатите етнички заедници, рече Бујар Османи во „Аргументи“ на ТВ Нова.

osmani1

Османи смета дека мора да се отворат дебати за јазикот, знамето и грбот затоа што со тек на времето тие се акумулираат и стануваат потешки за решавање:

– Овие дебати ние мора да ги отвориме и мора да ги решиме еден ден. Ставајќи ги „под тепих“ тие само се акумулираат и стануваат еден ден потешко решливи. Платформата е еден албански консензус којшто е предуслов за започнување на албанскиот и македонскиот дијалог, смета Османи.

На прашање зошто овие теми не ги отворија кога беа најбројни во парламентот, туку сега, Османи вели дека прашањата за Албанците биле секогаш отворени:

– Овие прашања биле отворени секогаш. Овие прашања се разговарани на ниво на Влада. И прашањето на химната, и прашањето на грбот се разговарани на ниво на Влада. Расцепкување на албанскиот глас и формирањето на повеќе политички партии направи неминовно Албанците да зборат во еден глас со цел да се акумулира тоа расцепкување, кажа Османи.

Извор: Курир

#Коментари