вторник, 23 мај 2017  |  Вести денес: 7

ГОЛЕМА ТАГА: Мики Јевремовиќ на реанимација, ситуацијата исклучително сериозна!

Откако на 27-ми декември минатата година доживеа мозочен удар, легендарниот српски пејач Миодраг Мики Јевремовиќ веќе неколку дена се наоѓа во кома.

Неговата моментална состојба е многу лоша, а за жал тоа го потврди и неговиот помлад брат Зоран Јевремовиќ.

Мики во вторникот беше на реанимација. Разговарав со лекарите и ми кажаа дека ситуацијата за жал е многу сериозна. Доживеа силен мозочен удар, сега се е комплицирано. Има висок крвен притисок, а веќе неколку дена и висока температура, изјави Зоран.

Мики во полусвесна состојба беше однесен во болница каде му беше пружена итна помош, па го префрлија на одделенито за интензивна нега.

#Коментари