вторник, 27 јуни 2017  |  Вести денес: 62

Хуакси: Најбогатото село во Кина од кое е забрането заминување

Облакодер од 72, катахеликоптер такси, тематски парк и редови со луксузни вили – сигурно не постои поекстравагантно село од Хаукси кое е сместено во кинеската провинција Јиангс. Високиот животен стандард го одвојува ова место од остатокот на Кина, меѓутоа, не е јасен начинот на кој е стекнато богатството и како се троши.

Хуакси се наоѓа во провинцијата Јиангс, а на влезот во селото е поставен знак на кој пишува „Првото село под небото“. Познато е по изобилството на земјоделски ресурси и прекрасни пејзажи.


Пред 30 години Хуакси било запуштено и сиромашно село како многу други кинески села, а во него живееле околу 600 жители.

Ву Ренабо, некогашен секретар на Комунистичката партија, направил план за збогатување, основал повеќе од 12 фирми и за половина век го претворил сиромашното село во богат регион.


Хуакси денес има околу 2.000 регистрирани жители. Сите живеат во идентични вили и имаат повеќе од 143.000 долари во банка.

Медиумите покажале интерес за ова село во 2003 година кога било објавено дека годишниот економски приход на Хуакси е 14.4 милијарди долари. Една година подоцна Хуакси објавил дека просечната годишна плата на неговите жители е 17.717 долари, што е 40 пати повеќе отколку просечните приходи во други кинески провинции.


За да ја покажат својата економска моќ, во 2011 година го изградиле облакодерот Хангиг вреден 430 милиони долари. Зградата е висока 328 метри.


Селото има и транспортна компанија, а за превозот на своите жители користи хеликоптер. Операторот на воздухопловната компанија рекол дека сите жители на ова село можат да стигнат до околните градови за помалку од 10 минути.

Градот исто така направил тематски парк во кој се наоѓаат реплики на импресивни споменици како Кинескиот ѕид.


Секој од жителите на ова село има повеќе од 143.000 долари во банка, а секое семејство добива автомобил и вила кога ќе се досели во Хуакси.


Сепак, некои зборуваат дека животот во ова село и не е толку магичен како што изгледа. Жителите на Хуакси мора да работат седум дена во неделата, најчесто во индустрискиот сектор. На жителите им е забрането да комуницираат со медиумите и не можат да го напуштат селото, бидејќи ако го направат тоа го губат целото богатство.

Коцкањето и дрогата се строго забранети во Хуакси, а клубови и барови не постојат.

Извор: Точка

#Коментари