петок, 20 јануари 2017  |  Вести денес: 65

Нова батерија од Samsung која нуди 500 километри автономија на располагање за само 20 минути

Во следните 4-5 години, повеќето од главните играчи во автомобилската индустрија ќе имаат многу електрични модели во својата понуда. Во сето тоа важна улога игра технологијата на батериите, која ја диктира возната автономија, перформансите, времето за полнење… а гигантот од Јужна Кореја Samsung сака на корисниците да им понуди увид во она што ќе го има како понуда во следната деценија.

samsung-sdi-next-gen-batteries

Одделот на конгломератот задолжен за литиум-јонска и обновливи извори на енергија, која го снабдува BMW, претстави нова генерација на батерии која обезбедува автономија од 600 километри и се полни за само 20 минути.

Батеријата со висока густина е дизајнирана да обезбеди 500 километри на возење или 80 отсто од капацитетот за време кое е потребно да се напиете кафе.

Наместо инсталирање на дополнителни ќелии, кои додаваат маса, Samsung се надева дека со побрзо полнење возачите ќе бидат порелаксирани и ќе бидат во можност да возат на подолги дистанци.

Samsung SDI на авто салонот во Детроит го потврди лансирањето на унапредената 21700 цилиндерска батерија со подобрена енергетска густина, моќ и перформанси.

Извор: Додајгас.мк

#Коментари

Коментари

коментари