понеделник, 27 март 2017  |  Вести денес: 99

Предјадење за 5 ѕвезди: Пробајте кафанска проја

Вкусно предјадење кое ќе биде на трпеза за четириесетина минути. Ви нудиме кафанска проја од која ќе се нагостат дури шест лица.

СОСТОЈКИ:

  • 3 јајца
  • 350 гр сирење
  • 400 мл јогурт
  • 200 мл масло
  • 200 гр пченично брашно
  • 250 гр кукурузно брашно
  • 1 прашок за пециво

ПОДГОТОВКА:

  1. Се матат јајцата, се става сирењето, јогуртот, маслото и двата вида брашно.
  2. Се додава и прашокот за пециво и се убаво се меша за да се соедини.
  3. Се става смесата на плех со масло и малку брашно и се пече на загреана рерна, 35 минути на 200-220 степени.
  4. Послужете со јогурт.

Извор: готви.мк

#Коментари