сабота, 23 септември 2017  |  Вести денес: 36

Во спомен на Тоше: Сите дадоа свое мислење, коментар, статус… само Емилија Розман даде нешто непроценливо! (ФОТО)

По повод сеќавањето на 36-от роденден на нашата најголема музичка ѕвезда, легендарниот Тоше Проески се одржаа многу настани, збиднувања, манифестации… а неговите фанови, како и голем дел од македонската естрада даде свое мислење, напиша коментар, постираше свој статус на социјалните мрежи. Сите направија по нешто за што вреди да се сеќаваме на македонската музичка икона и големиот хуманист – нашиот ангел Тоше.

Сите направија нешто помало или поголемо, но таа направи нешто непроценливо, кое можеби ќе спаси нечиј живот. Македонската мисица, манекенка и топ модел Емилија Розман, доброволно даруваше крв на роденденот на Тоше.

 

„Да ја продолжиме хуманата мисија на Тоше. Дарувајте крв – спасете нечиј живот! Бидете хумани и ширете љубов, само љубовта може да го спаси светот“ – напиша во својот пост под фотографијата на Фејсбук, македонската модна убавица!

Розман беше една од ретките познати лица што на најубав и најконкретен начин ја искажа својата почит и љубов кон Тоше, со потег, кој навистина е непроценлив. Зашто животот, нема цена! Како и добрите и хумани дела!

 

#Коментари