недела, 23 јули 2017  |  Вести денес: 38

(ВИДЕО) Куп на африканските нации: Петта шампионска титула за Камерун

Фудбалската репрезентација на Камерун по петти пат стана шампион на Африка откако синоќа во финалето на Купот на африкански нации во Габон го победи Египет со пресврт со 2:1.

kamerun

Селекцијата на Египет, која има седум шампионски титули поведе во 25.минута со голот на Мохамед Елнени. Камерун изедначи во 60.минута со голот на Николас Нкулу, а голот за победа во 89.минута го постигна Винсент Абубакар.

Во „малото финале“ одиграно во саботата Буркина Фасо со 1:0 ја совлада селекцијата на Гана.

Следниот шампионат на Купот на африканските нации ќе се одигра кај актуелниот шампион Камерун.

#Коментари