среда, 18 октомври 2017  |  Вести денес: 0

Исповед на Сара Мејс за Вистина.мк: Ми тежеше… мислев дека можеби никогаш нема да свирам повторно!

Талентирана, харизматична, шармантна, духовита, секогаш полна со позитивна енергија која е како создадена за на сцената. Вака накусо би можеле да ја опишеме нашата позната пејачка Сара Мејс која откако се појави на домашната музичка сцена, плени со својата уникатност која досега ја донесе меѓу најпопуларните имиња на естрадата. Периодов Сара е почесто застапена во медиумите поради својот ангажман во „Кастинг талент шоу“, како и поради специфичниот моден израз кој го „сервира“ периодов. Токму тековните новитети, како на музички така и на прватен план, Сара ги открива во ексклузивното изнтервју за Вистина.мк

Во период кога домашната музика не е на некое завидно ниво, имавме можност почесто да те гледаме на телевизија и тоа како член на музичкиот натпревар „Кастинг талент шоу“. Што ти донесе овој проект?

  • Шоуто за мене претставуваше денови исполнети со позитивна енергија, запознавање на нови прекрасни личности, функционирање во супер тим и едно големо ново искуство пред сѐ. Да бидеш дел од жирито е доста интересно и забавно, но истовремено и многу одговорна задача. Треба да се внимава многу,  не е лесно на пример на дете во развој да му објасниш дека не е за него таа работа- пеењето,  или пак уште потешко учествувањето во мјузикл. Да објасниш како тоа бара психичка и физичка подготвеност на гласот и телото,  да пее со оркестар (да слуша и прати истовремено), а згора на сѐ на сцената да танцува и глуми… Треба внимателно да бираш соодветни зборови и најлесен начин на изразување за да те разберат. Треба да си и педагог, психилог и пријател.

За време на твоите коментари публиката знаеше  да реагира и негативно. Сметаш ли дека беше целосно коректна со сите учесници?

  • Главната цел беше да бидам подеднакво коректна со сите. На моменти можеби изгледаше дека сум престрога, но во скалата од 1 до десет, ако има кандидати што се за 10, тогаш има и кандидати што се за 4 и за 2. Не би било фер спрема оние кои што се навистина добри, на сите да им велиме: Браво, супер си. Не е ниту поентата тоа. Најважно ми беше да го кажам она што искрено го мислам за кандидатот и да се обидам да прераскажам како сум ја доживеала неговата избедба и какви емоции (и дали) пробудила таа во мене. Да му дадам совет којшто би можел евентуално да му помогне, па понатака е негово дали ќе го прифати тоа или не. Имаше и такви и такви случки.

Има ли моменти за кои можеби се каеш за кажаниот коментар или оценка?

  • Не, ниту еднаш. Одговорно стојам позади сѐ што сум кажала. Има кандидати за коишто ми е криво што не продолжија понатака… Ана Цамбулева, Сара Сурлаџиоска, Александар Здравков, Иштван, Марија Груеска, Тања Б, Анастасија Аврамовска, Ристе од Босилово, Јовче Пандев, Дина Јашари….Секој од нив поради различна причина, некој имал лоша среќа, некој разочарал со настапот, некој разочарал со пеењето, некој лош избор на песна, друг лош тоналитит, трет имал трема, четврт имал подобар противник…

Со оглед на тоа дека се повеќе талентирани Македонци се пријавуваат во српските музички шоуа и пеат турбо и народно, мислиш ли дека овој вид на музика стана поголем предизвик за условно кажано идните пејачи?

  • Апсолутно да. И мене ми е инспирација, уште утредента после финалето ми се излеа мјузикл ствар од глава, па во демо … Многу сум среќна и горда. Ало, другари?? Во финалето бевме сведоци на случување на МЈУЗИКЛ на сцената на МОБ.

Задоволна ли си од победниците на „Кастинг талент шоу“?

  • Задоволна. Денис и Антонија се прекрасни. А и сите суперфиналисти богами.

Ќе им откриеме ли на нашите читатели барем некои детали за претстојниот мјузикл „Тајно моја“, кој наедно е „шлагот“ на овој проект на Македонската опера и балет посветен на Тоше Проески?

  • Шлагот нема да е шлаг ако го издадеме сега. Останува да погледнеме на 10-ти март на сцената на МОБ.

Кога веќе ја споменавме МОБ, извесен период си дел од оркестарот  како харфистка. Колку е исполнета Сара во една поинаква музичка улога на сцената?

  • Многу, иако уште ја враќаме формата….Харфата е мојата прва љубов, харфата е моето вистинско јас. Почнав сериозно да пеам кога ја повредив тетивата на раката, кога ми кажаа дека мора да правам 3 годишна пауза и кога мислев дека можеби никогаш нема да може да свирам повторно… Сакав да најдам начин да продолжам да се изразувам музички…Ми тежеше и така се сетив да пеам. Башка и сцената е порок- еднаш кога ќе го почувствуваш убавото- нема назад.

Компонирањето, пеењето, свирењето и пишувањето текстови се твоја силна страна – во што се чувствуваш најсигурна и најуспешна?

  • Прво благодарам  Хммм….релативна работа…највеќе награди имам во додекафонијата, односно пишувањето современа музика, но тоа го имам баталено веќе подолго време…Додека студирав голем дел од успесите и финанскиските потреби реално ми беа решени благодарение на тоа компонирање, на тие натпревари, награди, учества во разни конкурси, свирења, музики за театар…Ништо од сето тоа нема да биде без мојот професор кој што ме научи на тоа – проф. Стефан Драгостинов.

2017 година ти „врнеа“ бадникови и василичарски парички, односно ти се паднаа дури четири. Очекуваш ли премногу од  периодот пред тебе?

  • Да. Конечно реализација на веќе започнатите идеи. Аман. Едвај чекам и јас. Ко мало дете се радувам. Многу наскоро новата ствар со Дамјан Пејчиноски „Немам Пари“ која раскажува една многу интересна тематика, има допирни точки со тематиката на Кастинг талент шоуто и вашето прашање погоре J (да не издаваме скрос), со специјален гостин во спотот златниот Тино Костадиновски (без Атанас овојпат, со Марко Новески). Комплетно нов проект. Со Универзумот напред. Многу свирење. Многу љубов. Повеќе позитива во општеството. Помалку жалење. Повеќе работа.

Твојот свршеник Димитар во интервју за Вистина.мк изјави:„Сара Мејс и да беше водоинсталатер, пак ќе сакав да бидам со неа“ – колку ти годеше оваа безрезервна јавна љубовна изјава?

  •  „Оооо, зборувај ми за тоа…Ај, ај, зборувај ми уште малку“ Така некако!

По свршувачката, до каде сте со плановите за венчавка?

  • Секоја вечер состаноци имаме. Лека полека ги движиме работите.

Секоја девојка го замислува својот голем ден и ванчаницата, па дали веќе е споена твојата целосната слика и невестинскиот изглед?

  • Како и секојпат, така и овојпат мојата доберба е препуштена во рацете на мојата стилистка Фросина Ангеловска- ФРАН и мојот „фризура гуру“ Дарко Петковски. Воопшто не се оптоварувам со тоа, зошто знам дека ќе направат сѐ за да биде на завидно ниво…

 

 

#Коментари
[fbcomments]