четврток, 24 август 2017  |  Вести денес: 13

(ГАЛЕРИЈА) За денот на љубовта и виното Вистина.мк им приреди спомен за паметење: Михаела и Славјан се највљубената македонска двојка!

Денот на виното и вљубените е најдоброто време да Ви подариме една убава, романтична фото галерија.

Вистина.мк и годинава традиционално во очи на Свети Трифун и Сент Валентајн објави конкурс за избор на највљубена двојка, а овојпат како победници со најмногу лајкови се вљубените гулапчиња Михаела и Славјан. Тие  ја овековечија својата љубов со фотосесија во префинетиот амбиент на Скај Барот во хотел „Русија“, пред објективот на нашиот соработник, уметничкиот фотограф и режисер – професор  Гурко..

Михаела и Славјан кои се во врска шест месеци, уживаа во романтичната атмосфера на Скај барот,  во вкусот на најубавите македонски вина и прекрасните специјалитети од нивното мени. Тие наздравија со чаша вино во име на нивната љубов  пред Свети Валентин и Свети Трифун.

Редакцијата на нашиот портал од се срце им посакува секој нареден ден да им биде Денот на вљубените, а нивата љубовна магија вечно да трае и да биде како виното – со годините, се подобра!

Погледнете го нивниот љубовен спомен кој ќе им остане засекогаш како едно поинакво искуство во име на љубовта!

 

#Коментари
[fbcomments]