четврток, 24 август 2017  |  Вести денес: 13

(ФОТО) Ана Стојанов – една од најубавите и најзгодни водителки во Битола!

Ана Стојанов важи за една од најзгодните и најубави водителки во Битола. Таа една година ја разубавува програмата на регионалната телевизија Мега каде работи како новинар и водител, а исто така е и дописник за националната ТВ Нова.

Ана викендов, втора година по ред се појави како водител на престижната манифестација „Избираме најуспешни битолчани“ која традиционално по 18-ти пат ја организираше Битолски весник, а во рамките на која беа доделени наградите на Најуспешните битолчани кои со своите резултати и успеси се афирмираа себеси, но ја афирмираа и Битола во минатата 2016 година.

Со уникатната бело-црна креација со висок шлиц на познатиот битолски и македонски моден дизајнер Андреј Папаз Ѓорѓиевски, остави силен впечаток кај многубројната публика.

Инаку, Ана често се појавува како водител на бројни манифестации, концерти, промоции кои се случуваат во градот на конзулите, а за нејзиниот изглед секогаш е задолжен дизајнерот Папаз, кој преку своите креации ја потврдува тезата дека треба храброст да се создаде креација која нема да биде однесена со трендовскиот бран, ниту пак ќе биде направена по нарачка, туку ќе го одразува внатрешниот дизајнерски порив на креаторот.

 

 

 

 

#Коментари
[fbcomments]