петок, 18 август 2017  |  Вести денес: 0

Скопје доби уште една песна: Џемини Бенд- „Добро утро Скопје“

За македонската метропола се напишани повеќе песни, од кои секако најпозната и најпопуларна е онаа на „Леб и сол“ едноставно насловена „Скопје“, на стихови на нашиот еминентен драмски писател и професор Горан Стефановски.

Деновиве главниот град на Македонија доби уште една песна. Неа ја изведуваат членовите на „Џемини бенд“. Можеби не директно напишана за градот на Вардар, можеби повеќе љубовна тема, но сепак во неа содржана и опишана македонската метропола.
Музиката, текстот и аранжманот се на  вокалниот солист на групата, Никола Нацев. Како придружен вокал се јавува Кришна Варсани (Велс/Канада), а миксот и мастерингот се направени во „Алшар студио“.

Еве како звучи песната и изгледа фото видеото (составено од фотографии од метрополата) на „Џемини бенд“ за „Добро утро утро Скопје“:

#Коментари
[fbcomments]