вторник, 17 октомври 2017  |  Вести денес: 39

Missed Knits на Бојан Митановски и Деби Томпсон со нова песна – „A Man“ (ВИДЕО)

По темата „Starry eyed“  која претходно ја објавија,  „Мисд нитс“ (Missed Knits) – новиот проект на Бојан Митановски, познат на македонската јавност како басистот на групата „Водолија“, и вокалистката Деби Томпсон го објави првото видео од овој проект за темата насловена „A Man“.

Томпсон е авторка на текстот и свири на акустична гитара, додека Митановски беше задолжен за снимањето, миксот и продукцијата на песната, во која на тапани гостува Алпин Поп Николов. За видеото се погрижил камерманот Маци Стојановски, а како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете подолу.

#Коментари
[fbcomments]