петок, 23 јуни 2017  |  Вести денес: 56

Антониа Гиговска пред мјузиклот „Тајно моја“: Совети примам од сите, но посебно го ценам оној од Игор Џамбазов!

Ретко кој не би останал маѓепсан од нејзиниот прекрасен глас чија специфична боја веднаш се препознава. Нејзиниот живот го трасира музиката, што досега ја донесе до врвот кој може да го постигне една исклучително вокално талентирана девојка како што е младата Антониа Гиговска.

Пред поголемата популарност која ја стекна во регионалното музичко шоу „Ѕвездичките на Пинк“ каде беше меѓу финалистите, Антониа  до својата 16 годишна возраст има освоено осум победи на меѓународни фестивали, три први места, а петпати ја добила и највисоката Гран-при, како и онаа за најдобар дебитант на Макфест и награда од публиката.

Пред премиерата на мјзиклот „Тајно моја“ посветен на Тоше Проески, а во организација на Македонската опера и балет, како победничка во кастингот кој му претходеше на мјзиклот, поразговаравме со Антониа за досегашните успеси, подготовките пред музиклот, но и очекувањата од ова големото случување кое по македонската премиера ќе доживее и балканска турнеја, која наедно е дел од големата агенда за 2017 година на оваа наша млада пејачка.

После многу освоени награди во земјава и надвор од неа, какво е чувството постојано да се биде меѓу најдобрите и кој успех те прави најгорда?

  • Чуството е убаво, но обврзува секогаш да бидам подготвена на задачите кои ме очекуваат. Не можам да одберам на кој успех сум најмногу горда бидејќи сите ми се мили.

Како победничка во „Кастинг талент шоу“ заедно со Денис Димоски, во претстојниот мјузикл „Тајно моја“за првпат освен пеењето ќе треба комплетно да се претставиш на сцената. Од што ја црпиш самодовербата за овој голем предизвик?

  • Самодовербата за овој голем предизвик ја црпам од љубовта и желбата кон она што ме очекува. Ја сакам улогата на Ана и ќе дадам се од себе да се представам во најубаво светло.

За време на кастингот, се забележуваше сугурност во твојот настап и однесување пред  жири, камери, публика, но сепак во една изјава велиш дека тремата е присутна. Како се справуваш со неа?

  •  Тремата што е присутна е позитивна но, сепак би рекла дека тоа е одговорност пред сите оние кои го следат тоа што го работам. Тремата си отиде со сите оние настапи што ги имав во Белград, Макфест и сите понатамошни појавувања  на сцената.

Очекуваше ли ваков крај на шоуто и што помисли во моментот кога и во овој музички натпревар беше прогласена за побеник?

  • Секој оној што се пријавува на било какво напреварување, потсвесно посакува да биде победник. Така и јас како што одминуваа круговите, посакував да победам.

Во првиот круг на „Кастинг талент шоу“ од Игор Џамбазов доби коментар да внимаваш да не те понесе славата, бидејќи си свесна за својот талент. Како го прими овој совет и дали го применуваш?

  • Цврсто стојам со двете нозе на земја. Совети примам од сите постари колеги на естрадата. Посебно го ценам советот од Игор Џамбазов, бидејќи тој со неговото искуство и “километража” во шоу бизнисот и тоа како многу нешта може да подучи, што јас искрено го ценам и применувам.

После големата домашна и регионална медиумска експонираност, што значи за тебе популарноста и што се промени откако стана јавна личност?

  • Нормално дека животот полека но сигурно ми се менува. Популарноста е убаво нешто и мене ми годи. Со тоа што станав јавна личност, почнаа луѓе и фанови да ме препознаваат, да бараат од мене да се фотографираме, што уште еднаш ќе повторам –  да, ми годи!

Како сега регира околината на тебе – се доживуваш ли понекогаш за привилегирана поради тоа?

  • Околината генерално реагира позитивно, јас се трудам да бидам коректна кон сите, а некаде можеби сум привилигирана.

На каква музика расте и созрева една млада и талентирана тинејџерка како тебе, кои се твоите идоли?

  • Растам со поп музиката, македонска, балканска и светска, слушам се што е убаво за моите уши. Македонски идоли ми се Тоше, Тамара, Елена, Каролина и Калиопи. Од балканските Томашевиќ, Бадриќ, Радовиќ и др. Од светските се: Бијонсе, Адел, Мараја Кери и др.

Што да очекуваме од Антониа во мјузиклот „Тајно моја“ и што стои следно од твоите музички аспирации?

  • Очекувајте многу нешта бидејќи многу работиме, многу труд вложуваме сите заедно во мјузиклот, и очекувам до почетокот на премиерата да бидеме во топ форма. Следно е најпрво премиерата и представите на мјузиклот „Тајно Моја“, понатаму се фестивалите, Варна, Бугарија во мај месец, Белорусија во јули и Неапол, Италија во септември, Макфест во октомври, балканска турнеја со мјузиклот „Тајно Моја“ во ноември и европска турнеја во декември. Тоа се накратко моите планови за до крајот на 2017 година.

 

#Коментари
[fbcomments]