четврток, 24 август 2017  |  Вести денес: 13

(ФОТО) Јована Нешова со полни гради го дише престижот во Шангај!

Откако замина на самиот почеток на јануари, една од нашите докажани модели Јована Нешова направи одличен пробив на Азискиот пазар. Сместена во прекрасен апартмaн во самиот центар на градот Шангај или како што милуваат да го наречат Париз на Истокот.

Досега беше ангажирана на многу проекти помеѓу кои за кампањата Broken Dolls, новиот лукбук за престижниот бренд Vifille, како и кампањата за италијанскиот бренд Omas Gioielli.

Сето ова е прекрасна можност да ја видам и доживеам една од најстарите цивилизации на светот и да се уверам во убавината на кинескиот урбан живот, иако сум преплавена со обврски сепак секој слободен момент го користам да уживам во знаменитостите на раскошниот Шангај …раскажува Јована во разговор со нејзините матични агенти Алек и Надица од Моделс ИН.

Инаку Нешова беше Лице на Годината на Македонија за 2015 година и од тогаш е дел од српската модна агенција МSO ( Model Scouting Office) која ја води поранешниот модел, сега веќе сопственик и главен менаџер Јелена Ивановиќ. Во модниот свет позната по маестралното водење на кариерите на најуспешните македонски топ модели Елена Реи и Катарина Ивановска.

За два месеци Јована преку нејзината работа успеа да посети голем број на градови во Народна Република Кина помеѓу кои Шенџен ,Хангзоу,Чонкинг и да се увери во нивната динамика и големата професионалност. Кога ќе се спојат нејзината упорност, самодисциплина и убавина нема земја која може да остане рамнодушна на кариерата и успехот на нашата Јована.

#Коментари
[fbcomments]