понеделник, 21 август 2017  |  Вести денес: 67

(ВИДЕО) Етно групата „Монистра“ преработи уште еден македонски бисер – „Киниса моме на вода“

Една од најпознатите македонски етно групи „Монистра“ со голема гордост  на својата Фејсбук фан страница соопшти дека најново од нив е излегувањето на видео спотот за песната “Киниса моме на вода” . Овој видео спот всушност претставува првото официјално видео на песна од оваа македонска позната група.

Се работи за една прекрасна традиционална, изворна македонска песна, за која во оваа прилика аранжманот прилагоден на звукот на групата го направил Александар Јовевски.

Во  меѓувреме, групата „Монистра“ наголемо се подготвува за својот голем солистички концерт закажан на 9-ти април во Македонскиот народен театар во Скопје, на кој ќе се претстават со својот репертоар и песните од нивните досегашни албуми, а највуваат и неколку познати имиња како нивни специјални гости за концертот.

Во меѓувреме уживајте во звуците на традиционалните, изворни инструменти и пеење на „Монистра“ и визуализацијата на нивната верзија на „Киниса моме на вода“.

#Коментари
[fbcomments]