понеделник, 21 август 2017  |  Вести денес: 67

Стартува новата фит-дисциплина во аеробик центарот на СЦ „Јане Сандански“

Од оваа недела стартува новоформираната група со последната дисциплина во аеробик центарот при СЦ „Јане Сандански”.
Total Body Workout е метод кој ќе ви помогне да ја достигнете посакуваната тежина и форма. Го подобрува кардио-васкуларниот систем, ја подобрува кондицијата и степенот на мускулното опоравување е зголемен.
Со оваа дисциплина не само што се добива повеќе енергија, туку и го намалува стресот и овозможува подобра ментална активност.


Часовите се одржуваат секои понеделник, среда и петок од 17:30-18:30 часот, и вторник, четврток и сабота од 19:30-20:30 часот.
Часовите по Total body workout ќе ги држи инструкторката Мартина Мицевска.
За повеќе информации посетете ја нашата веб страница www.scjanesandanski.mk, или следете нè на Facebook и Instagram.

 

#Коментари