четврток, 29 јуни 2017  |  Вести денес: 0

Кристијан Волчев ги спои фламенкото и македонската традиција во „Со маки сум се родила“ (ВИДЕО)

Гитаристот Кристијан Волчев, некогашен рокер и член на бендот „Греј“ овој пат во сосема нова, поинаква улога. Целото свое искуство, знаење и музичко умеење ќе ги инкорпорира во едно правејќи сосема нов аранжман за акустична фламенко гитара на една од најпознатите македонски народни песни, „Со маки сум се родила“. Песна, која токму пред некој ден починатаа легенда на македонската народна песна, вечната Вања Лазарова ја пееше на себесвојствен, можеби единствен начин. Со својата гитарска изведба пак, Кристијан Волчев на традицијата ќе и даде нов лик преку спојот на акустичната гитара, фламенкото и македонскиот фолклор, при тоа задржувајќи ги сите нејзини карактеристики.

Таа, како што најавува, младиот музички уметник, кој дипломирал класична гитара  на Факултетот за музичка уметност во Скопје, е првата од десеттината песни кои треба да се најдат на неговиот дебитантски соло албум. На него песните ќе бидат отсвирени исклучиво на акустична гитара, без постстудиски ефекти и користење на други инструменти.

По снимањето на песната тој собрал група млади ентузијасти за да му помогнат во создавањето на  видеоизразот за песната.

Посебна благодарност изразува до Дарио Секуловски кој стои зад целосната организација и камерата, режисерот и концептуален уметник Лидија Мојсовска и танчерката на модерни танци  Андријана Данчевска.

#Коментари
[fbcomments]