петок, 18 август 2017  |  Вести денес: 0

Лириковниот пироман срка… „Кристален мед“ (ВИДЕО)

Младиот скопски рапер Лириковен Пироман кој е дел од екипата Inklingz го промовираше пред скоро време своето најново соло видео.

Се работи за новата трака наречена „Кристален Мед“, а истата е во продукција на Lux Kmala.

Како што кажува и самиот артист: „Периодов сите ние конзумираме големи дози на Кристален Мед. Тоа е она навидум слатко и убаво, што ни го сервираат од ГОРЕ, “MЕД” кој ја дисторзира реалноста и ја поткрепува илузијата за македонската утопија. Кристален Мед е креиран термин, игра на зборови со дрогата crystal meth, кој не прави зависни и ни создава нова реалност во маргините на веќе постоечката. Сите ние конзумираме Кристален Мед на овој или оној начин.“

Видео обработката е на: Давид Марковиќ – камера и Никола Велковски – видео. Погледнете го спотот:

#Коментари
[fbcomments]