Промотер

Никола Зацески испеа емотивна балада – „Не признавај“ (ВИДЕО)

Никола Зацески испеа емотивна балада – „Не признавај“ (ВИДЕО)

Никола Зацески, неодамна на неговиот YouTube канал ja  промовираше неговата најнова песна „Не признавај”. Оваа песна, како што и самот вели, е музичко парче кое го надополнува албумот „Срцето мое тука чука”.

„Зад оваа песна стои и еден многу млад и талентиран автор Бојан Димитровски, кој се потпишува за музиката, текстот и аранжманот. Ова е наша прва официјална соработка, и верувам не последна, бидејќи станува збор за еден голем талент и креативец во својата работа”, открива Зацески.

Мастеринг и снимањето ги направил Ангел Ќосев, во неговото студио “Подрумот”, додека зад видео записот се потпишува Никола Митревски.

Како звучи и изгледа „Не признавај“ проследете од видеото во продолжение.

 

To top