сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 31

Актери, пејачи, спортисти застанаа зад црвено-жолтата боја

Актери, пејачи, потомци на македонските херои, професори, спортисти, ловџии, камионџии, земјоделци. Сите сплотени под црвено-жолтата боја и изминатата недела дадоа поддршка за граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Од ден на ден се поголем е бројот на граѓани, но и на јавни личности кои ја искажуваат својата поддршка за заедничка Македонија и се против разнебитување на државата. Велат, „на нашите настапи ширум светот ја претставуваме Македонија со црвено-жолтото знаме, така и ќе остане.“ Расте и масовноста на протестите, за зачувување на унитарноста на државата се маршира во 33 градови, а се приклучија и осум села. Граѓаните во се поголем број излегуваат на улиците низ Македонија и ја даваат својата поддршка.

#Коментари
[fbcomments]