петок, 18 август 2017  |  Вести денес: 0

„Визија“ со нова екранизација, овој пат за „Гласно“ (ВИДЕО)

Скопскиот алтернативен рок бенд Визија“ ја екранизираше насловната тема од својот деби албум „Гласно“, кој во декември минатата година беше концертно промовиран во Младинскиот културен центар. Автор на видео записот е гитаристот на бендот, Марко Џамбазоски.

Бендот „Визија“ постои 5 години, а во него членуваат Марко Џамбазоски, соло гитара и придружен вокал, Марко Гапо, вокал и ритам-гитара, Лилјана Јанкова, бас-гитара и придружен вокал и Синиша Ѓорѓевиќ, тапани. Бендот има настапено на дел од поголемите балкански фестивали како што се Заечарската „Гитаријада“, „Таксират“, „Јелен демофест“, „Лејк фест“, „Миксер“ и други.

#Коментари
[fbcomments]