понеделник, 26 јуни 2017  |  Вести денес: 59

(ВИДЕО) Давид Миладинов испраќа „Тивки писма“

Младиот пејач од Штип, Давид Миладинов, има нова песна и видеоспот за неа. Темата е насловена „Тивки писма“, за која музиката  и аранжманот ги направи Филип Стевановски, додека автор на текстот е Маја Крстевска Коларова. Песната е снимена во FIS Production. Миксот и мастерингот исто така се дело на  Филип Стевановски, додека зад видеозаписот се потпишуваат  Perfect Wedding.

Покрај Давид во реализацијата на песната учествувале уште:

Придружни вокали – Ирена К. Стевановска
Гитара – Ване Чамбов
Труба – Демир Кантуровски
Саксофон – Горан Кавраков
Тромбон, пијано, хармоника – Филип Стевановски
Флејта – Ване Аревски
Бас гитара – Александар Цеа Коларов
Тапани – Димитар Симонов

Како звучат неговите „Тивки писма“ и како сето тоа е спакувано во видеозаписот за нив, погледнете во продолжение:

#Коментари
[fbcomments]