сабота, 29 април 2017  |  Вести денес: 12

Маестрото на ПРЕСС појадок со новинарите: Зоран Џорлев ја најави агендата за јубилејот – 40 години дружење со виолината

 

Македонскиот музички уметник, виолинистот и актуелен директор на националниот ансамбл „Танец“, маестро Зоран Џорлев денес, 29 март, 2017 година во прекрасниот амбиет на националниот ресторан  „Корнер – Баба Цана“ во Скопје на работен ПРЕСС појадок со претставниците на медиумите ја обзнани агендата за својот јубилеј – 40 години дружење со виолината!

Во заедничкото дружење со новинарите, маестро Џорлев најпрвин зборуваше за својата долгогодишна, богата и исклучително успешна музичка кариера, од почетоците како детенце со неговиот татко, легендарниот Наско Џорлев, преку првите написи во весниците на 30 март 1977 година, па се’ до последните индивидуални музички проекти. Сето тоа покрај искажаните зборови полни со емоции и  евоцирањето спомени, беше поткрепено и со бројни исечоци од весниците, списанијата  и магазините и лични, семејни ми професионални  фотографии…

„Имам чувство како да сум живеел не еден, туку повеќе животи“ – ја започна својата приказна по повод неговиот јубилеј – 40 години дружење со виолината, инструментот што му го трасираше професионалниот , но и животниот пат на маестро Џорлев.  Тој заедно со СТ продукција која стои зад него и неговите проекти,  за  годинава најави еден куп проекти: од музички изданија, преку бројни концерти, па се до видеоспотови, музички емисии и музички талент шоуа за деца…

Меѓу останатото во агендата за јубелејната година на македонскиот музичар се излегувањето на ЦД-то со второто продолжение на „Македонски евергрини 2“, на кое ќе се најде нова тура виолински преработки на најпознатите македонски евергрини, најавено под  работен наслов  „Свирете ја зајди, зајди“. Покрај ова издание, Џорлев на носач на звук ги најави и „Божиќните песни“, кои би се појавиле пред посочените празници. Видеоделот  планира снимање на видеоспотови за најубавите песни од проектот  „Глас и виолина“, кои би се снимале на највпечатливите и најегзотични или значајни локации ширум Македонија.

Музичарот планира и бројни концерти во повеќе градови низ  Македонија, било солистички, било во рамките на разните културни манифестации и секако еден голем, завршен концерт во Скопје, со голем број учесници и еминентни гости од земјава и странство.

Маестро Џорлев во своја годишна агенда има и поставување на едно музичко ТВ талент шоу за деца, кое носи работен назив: „Мини 7/8 – децата пејат македонски песни“.  Истотот би требало да се реализира во текот на годинава во соработка со СТ продукција и новоотворената приватна ТВ продукција „Скендеровски“.

Во план се и други помали проекти кои мајсторот на виолината Зоран Џорлев ги планира, но истите секако ќе зависат од политичките, општествените, економските и културни прилики во земјава.

 

 

По офоцијалниот дел, следуваше неофицијалниот, во кој славеникот и домаќините од „Баба Цана“ ги угостија преставниците на седмата сила со појадок, кој содржеше избор на вкусни национални специјалитети од богатата понуда на овој реномиран угостителски локал.

 

 

#Коментари