вторник, 17 октомври 2017  |  Вести денес: 47

Бев во затвор, таму ме соблекуваа и гол: Аца Лукас проговори за својата најголема тајна!

 

Популарниот српски фолк пејач проговори за не толку убавите денови од својот живот и неочекувано пред јавноста откри неколку детали од тој период.

Аца Лукас  излежуваше затворска казна од три месеци, за време на акцијата „Сабја“ во 2003 година. Деталите за поседувањето пиштол без дозвола, Лукас ги откри во емисијата „Гол живот“.

-Пиштолот ми беше во спалната соба, во женска чанта. Кога полицијата дојде и ме праша дали имам оружје, веднаш им го предавов. Направија записник и ме однесоа во централниот затвор, се сеќава пејачот.

Тој продолжува:

-Во затворот бев околу три наутро. Никој од затворениците не дозна. Кога влегов во ќелијата гледав каде има слободен кревет да легнам. Бев исцрпен и заспав. Се будам наутро и слушам „Да е, не е, тој е“. Четири глави гледаат во мене. Се обидуваа да проверат дали навитина е Аца Лукас.

 

-Поради мене еден ден сите не изнесоа надвор. Не наредија во ходник и не соблекоа до гола кожа. Ни ги истурија работите бидејќи јас правев галама. Стоевме голи надвор и седум полицајци дојдоа пред мене. Зборувај Аца Лукас, ми кажаа. Малку си горе, малку си долу. Им одговорив: Јас сум тука, месец, два, три, а ти цел живот. Ти никогаш нема да излезеш од затвор, раскажува Лукас и завршува со:

-Кога излегов, без бесен. Лошо се чувствував и доживеав семејна трагедија. Татко ми почина. Ма, да не се повтори никогаш!

#Коментари
[fbcomments]