вторник, 26 септември 2017  |  Вести денес: 0

ПОЖЕШКА и од светските модели со облини: Фросина Ангеловска – раскош во секси долна облека!

 

Таа е талентирана девојка за чии дела редовно сведочиме од лицата и изгледот на нашите познати пејачи, водители, манекенки… Младата стилистка и модна дизајнерка Фросина Ангеловска деновиве изработи една уникатна фотосесија, на која наместо своите соработници, позира таа облечена во секси долна облека од која ги покажа своите раскошни облини.

Сепак, тоа што привлекува внимание е нејзиниот сензуален изглед, односно полни усни, крупни очи и маркантна појава, на кои никој не би можел да одолее. Ја нарекуваат македонската Моника Белучи, но всушност таа е уникатна и своја во секој поглед.

Нејзината најнова фотосесија е доказ за тоа, каде на ненаметлив начин во секси парчиња го истакна најдоброто на себе и покажа дека жената е најубава кога има слободно време за себе, особено наутро кога се подготвува за својот сакан. Инаку, фотографиите ги потпишува „Badstef photography“, фризурата е на Ѓорги Тренов, а шминката секако е на самата Фросина.

Уживајте во оваа уметност со светски печат:

 

#Коментари
[fbcomments]