понеделник, 26 јуни 2017  |  Вести денес: 59

ФОТОРЕПОРТАЖА НА ВИСТИНА.МК: Тура што не смеете да ја пропуштите – Будва и манастирот Острог!

Сигурно и вие постојано наидувате на оние понуди од македонските туристички агенции за посета на Будва и манастирот Острог.

Овие две прекрасни места, едното на живописниот брег на Јадранското Море, другото во прекрасните планински предели ќе направат да ја искусите Црна Гора од секој аспект, а ова е тура што не смеете да ја пропуштите!

Будва е приморски град во Црна Гора, има 13,338 жители. Брегот околу Будва, наречен Будванска ривиера е центарот на туризмот во Црна Гора и е добро познат по неговите песочни плажи, богат ноќен живот и прекрасни градби во стилот на средоземноморската архитектура.

Манастирот Острог во текот на целата година е најпосетено светилиште во Црна Гора, а после Христовиот гроб и Светата гора, ова е третото најпосетено светилиште во христијанскиот свет. Причината за тоа се бројните чуда кои што се случуваат во ова карпесто црквено здание. Манастирот Острог се смета дека претставува вистинско место за одмор на душата и пронаоѓање на Бога во себеси.

Дел од тимот на Вистина.мк викендов престојуваше таму, а еве што улови нашиот објектив!

 

#Коментари
[fbcomments]