петок, 23 јуни 2017  |  Вести денес: 56

Шокантна исповед на Весна Змијанац: Виновна сум за смртта на синовите!

Пејачката Весна Змијанав во својата книга „Кад замиршу јорговани“ откри дека во текот на 80тите, за една година изгубила два сина.

Весна изјави дека во најголемата популарност поминала низ тешки периоди.

Нашето прво дете, Владо Јовановиќ и јас го изгубивме во 1986 година, кога бев во седми месец од бременоста. За време на паузата на концерт во Младеновац имав спонтан абортус. И ден денес не можам да ја опишам таа случка. Тоа е болка, која боли и ден денес. А секогаш кога ќе се сетам, а се сетувам често имам грчеви во стомакот, изјави Весна и додаде дека не ни помислила дека за една година ќе добие уште поголема болка.

Foto: A. Nalbantjan

Во првите дена, се додека болката беше свежа, сакав да исчезнам, да ме нема. Второто дете, исто така син, го изгубив исто така во седмиот месец од бременоста, во 1987, објасни пејачката.

Foto: A. Nalbantjan

По овие траумтични случувања, Весна Змијанац ја роди ќерката Николија.

#Коментари
[fbcomments]