недела, 19 февруари 2017  |  Вести денес: 53

Стефан Коковиќ од Х-Фактор Адриа: Не сакам хорор филмови, животот ми е доволно стресен!

Дипломираниот графички дизајнер, познат моден фотограф и надежен пејач во шоубизнисот од Србија кој се натпреваруваше во регионалниот „Х-Фактор Адриа“ Стефан Коковиќ ја даде својата лична препорака за книга, филм, изведувач и музички албум по негов вкус, за читателите на Вистина.мк

stefan-kokovic

Книга: „Као вук“ од Ералд Балдини, „Кокологија“ (книга самооткривање) и собрани дела Паул Коел, бидејќи го сакам неговиот стил на пишување. Секогаш се определувам за книги кои се благо поврзани со мистицизмот, дали со приказната или со стилот на пишување, бидејќи тоа ми е интригантно.

stefan kokovic emina jahovic

Филмови: Еден од најомилените филмови ми е „Чоколада“. Ми се допаѓа амбиентот на филмот, Европа, ја сакам глумата на Џони Деп, а дејствието на филмот ме инспирира на суптилно бунтовништво. Потоа „Мамма Миа“, кој сум го гледал повеќе од 20 пати и ја знам секоја сцена напамет. Тој филм го сакам, бидејќи сите во мојата фамилија од како бев мал ја слушаа групата „АББА“. На крајот „Ѓавол Адвокат“, бидејќи ми е совршена актерска постава – АЛ Пачино, Киану Ривс и Шерлиз Терон, а најмногу сакам кога Ал Пачино кој го игра ликот на ѓаволот изговара: „Суета, мој најдраг грев“. Не гледам хорор филмови и најчесто велам – дека животот ми е доволно стресен за дополнително да имам стресови од филмови. Често гледам серии, сакам серии и програми кои ме развеселуваат.

stefan kokovic tijana tapcevic

Изведувач: Морам да признаам дека не сум „фанатик“ и не постои изведувач кој би го издвоил . Некои ги сакам повеќе, некои помалку, но ми се допаѓаат луѓе кои се забавувачи, повеќе отколку пејачи. Лично јас сакам спектакл, шоу програм, така да не ми се интересни изведувачите кои стојат на сцена без енергија. Доколку е во прашање изведувач од таков вид, сакам тој глас да ме остави без текст, наведе на солзи или пробуди било каква емоција јака, а тоа не е често. Најмногу се врзувам за: Софи Елис Бекстор, Натали Имбруљи, Кајли Миног и слично.

Музички албум/песна: TRIP THE LIGHT FANTASTIC од Софи Елис Бекстор, COUNTING DOWN THE DAYS од Натали Имбруље, а најдраг ми е инструменталот од филмот „Чудесната судбина на Амелија Пулен“.

#Коментари

Коментари

коментари