четврток, 29 јуни 2017  |  Вести денес: 0

Почнуваат Деновите на образование и саемот на туризам

На Скопски саем, каде што е во тек 29. Саем на книгата, од денеска до 8 април ќе се одржуваат и 20. Денови на образование и кариера – во втората хала, и седмиот саем на туризам „Скопје травел маркет“ – во третата саемска хала.

obrazovanie i kariera

Како и во минатите години, на Деновите на образование и кариера  ќе учествуваат високообразовни установи, домашни и странски факултети, кои ќе ги претстават програмите за студии, информации за стручно усовршување, преквалификации, можностите за вработување и развој на кариерата итн. Од странските учесници ќе се претстават два универзитета од Словенија – од Марибор и од Нова Горица.

На меѓународниот саем за туризам ќе учествуваат туристички агенции и тур-оператори, хотели од Македонија, општините, компании за производство на хотелска опрема… а посетителите ќе може да се информираат за понуди и можности за патувања.

И оваа година покровител е Агенцијата за промоција и поддршка на турзимот на Република Македонија, а партнер Стопанската комора за туризам. Традиционално, Република Турција ќе учествува со свој штанд, а странски изложувачи ќе бидат и општините Тиват, Бујановац и Врање.

Влезниците се по цена од 30 денари, односно 20 денари за организирани и групни посети. Работното време е од 10 до 20 часот.

извор:курир.мк

#Коментари