сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 31

Неделен хороскоп од 10.04 до 16.04. 2017 година

Овен

Работа: Внимавајте во овој период, можно е да имате проблеми со авторитети и надредени личности. Присутни ќе бидат проблеми со законот. Внимавајте.

Љубов: Со вашата брзоплетост, можно е да ја повредите саканата личност. Ако имате врска на далечина, ќе се појават проблеми со довербата.

Здравје: Пролетна детокс – диета.

Бик

Работа: Неповолен период за подигнување било каков кредит или позајмица. Не ризикувајте.

Љубов: Станувате без потреба љубоморни на саканата личност. Секој нејзин најмал гест, ќе предизвикува сомнеж кај вас. Ќе бидете пречувствителни, смирете си ги страстите.

Здравје: Проблеми со дебелото црево.

Близнаци

Работа: Ако планирате да изнесете некоја своја идеја или проект во јавност, најдобро ќе биде да почекате со тоа. Сега не е најповолно време за тоа.

Љубов: Вашиот партнер ќе биде повеќе од обично расположен за расправии, затоа добро внимавајте – останете вие смирени во оваа ситуација.

Здравје: Можни инфекции со урогениталниот тракт.

Рак

Работа: Се чувствувате психички исцрпено, бидејќи сте претрпани со работа. Но ова е само преоден период во она што следува. Растеретување на проблемите ќе дојде кон крајот на месецот.

Љубов: Ќе се разочарате во некоја личност со која сте биле емотивно многу блиски. Ќе се почувствувате повредено, во врска со неа. Не грижете се, по ова, ќе излезете психички посилни.

Здравје: Настинка.

Лав

Работа: Ќе ви недостасува слободно време, бидејќи ќе бидете оптеретени со премногу работа.

Љубов: Ве очекува турбулентен период во љубовта.

Здравје: Избегнувајте стресни ситуации.

Девица

Работа: Ако сте планирале продажба на некоја недвижнина или некое земјиште, можно е да дојде до некој неочекуван застој. Неповолен период за било какви бизнис зделки.

Љубов: Најважно е да се засакате себе си, се друго си доаѓа само по себе.

Здравје: Стомачни проблеми.

Вага

Работа: Ќе имате потреба да се докажувате дека сте доминантни, во работното опкружување.

Љубов: Ви претстои пријатна средба со личност родена во знакот на Стрелец.

Здравје: Бубрези.

Шкорпија

Работа: Ве очекува бурен период што се однесува на финансиите. Ќе имате можност да ги зголемите вашите финасии. Среќно!

Љубов – Оваа недела ќе се запознаете со една личност, која ќе го привлече вашето внимание.

Здравје – Добро се чувствувате оваа недела.

Стрелец

Работа – Работата го создала човекот – тоа е точно, но вие некогаш мора и да одмарате за да бидете повеќе продуктивни во тоа што го работите.

Љубов – Заљубени сте, но оваа недела се е некако комплицирано.

Здравје – Добро се чувствувате.

Јарец

Работа – Иако имате многу грижи и сте на многу мал буџет, вие набрзо и тоа ќе го решите, само ви треба малку време добро да размислите.

Љубов – Партнерот игра игра, со вас но против сите.

Здравје – Добро.

Водолија

Работа – Поторно сте на одмор, а како да пауза од одморот, не ни имало. Мрзеливи сте и тоа ве нервира.

Љубов – Заради една личност не можете да спиете.

Здравје – Добро се чувствувате.

Риби

Работа – На деловен план, добро ви оди оваа недела. Можно е да добиете зголемување на платата или некој бонус.

Љубов – По кратка пауза, партнерот се враќа поворно во вашата прегратка.

Здравје – Добро се чувствувате.

извор:дивианартс.ком

#Коментари